Спиењето не освежува и регенерира повеќе од било кој процес. Квалитетниот сон не одмара и е неопходен за наше нормално секојдневно функционирање. Иако поминуваме 33% од животот во спиење, на квалитетот на душекот обраќаме внимание дури кога ќе започнат проблемите со недостаток на сон.
За милиони луѓе во Светот, последиците од недостатокот на сон, како стрес, намалена концентрација, грешки во работата па и некои потешки проблеми се секојдневна појава. Но тоа не мора да биде така. Изберете го соодветниот душек според Вашите навики на спиење.
Навики на спиење
Пред купувањето душек треба да ги препознаете и преиспитате своите потреби или навики на спиење. Бидете сигурни дека купувањето душек е вложување во сопствениот квалитет на живот и дека не се купува душек секој ден. Незначително поголемото финансиско вложување при купувањето душек, може да се манифестира позитивно на Вашето здравје. Размислете во која положба најчесто спиете, која подлога е соодветна на Вашето тело – тврда или мека, ако купувате брачен душек која димензија би била најдобра опција, патите ли од алергии? Индустријата за системи за спиење отиде далеку во технолошки поглед и бидете сигурни дека помеѓу нашите душеци се крие соодветниот душек за Вас, а може да го препознаете ако ги препознаете своите навики на спиење.
Како и колку луѓето спијат?
Постојат три навики или облици на спиење кај луѓето. Можеме да спиеме на страна, на грб или на стомак. Според истражувањата на страна спијат или заспиваат 57% од луѓето, на грб спијат 17% од луѓето, на стомак 11% од луѓето, додека останатите комбинираат повеќе положби во текот на ноќта. Секој од овие три начини на спиење има свои предности и недостатоци, но двата доминантни начини и тоа на грб и на страна се сметаат за најздрави. Спиењето ни помага да го унапредиме имунолошкиот систем, помага во балансирање на апетитот преку хормоните кои имаат улога во чувството на ситост. Кога не спиеме доволно чувствуваме дека треба повеќе да јадеме, што доведува до зголемување на телесната тежина. Времето потребно да се наспиеме е различно кај секој човек. За бебињата е потребно околу 16 часа спиење секој ден, за деца од 3-18 години 10 часа, од 19-55 години 8 часа, а над 65 години доволни се 6 часа спиење. Третината од животот која ја поминуваме во спиење има огромна улога во квалитетот на другите две третини во кои сме будни, директно влијае на енергијата и успешноста додека сме будни. Спиењето е активна фаза во која се постигнува неопходната ментална и физичка благосостојба.
Спиење на страна
Спиењето на страна е најзастапен облик на спиење и има свои предности кои се огледуваат преку олеснетата циркулација на крвта во телото, што е посебно важно за трудниците кај кои овој начин на спиење и се препорачува(и тоа на лева страна). Кај спиењето на страна значително се намалува веројатноста за хрчење за време на спиењето. Поради спиењето на страна и притисокот на главата, односно на лицето може да доведе до појава на бори. Додека спиеме на страна притисокот на рамењата и колковите се зголемува што може да доведе до болки во тие делови на телото ако душекот не е соодветен. Поради тоа лицата кои спијат на страна за поудобни ги чувствуваат по меките или средно меките душеци. По мекиот душек во споредба со тврдиот не значи дека ќе има по краток век на траење поради својата мекост бидејќи е направен од материјали кои се подеднакво квалитетни, но се разликуваат по нивните својства. Клучот е во намалувањето на притисокот на рамото и колкот како би се разбудиле одморени и наспиени. Идеална перница при спиење на овој начин е по висока перница која ќе ја пополни празнината над рамото така што главата и вратот ќе бидат во неутрална положба. Душеците со зони се одлична опција за овој начин на спиење. Размислете за:Душек Memory 4+16, Душек Ortopedico, Душек Dalia, Душек Prestige, Душек Galileo, Душек Cooler.